loader

За нас

За нас

По поднесена иницијатива на Амбасадорот на државата Израел и претседателот на еврејската заедница на Република Македонија, Управниот одбор на ЈЗУ Здравствен дом Битола на ден 06.03.2017 година донесе одлука за именување на ЈЗУ Здравствен дом Битола во ЈЗУ Здравствен дом „Д-р.Хаим Абраванел“ Битола.

Јавната здравствена установа Здравствен Дом „Д-р.Хаим Абраванел“ Битола е јавна здравствена установа со права, обврски и одговорности утврдени со закон, колективен договор, статут и други општи акти.

Здравствениот дом има својство на правно лице запишано во Централниот регистар на Република Македонија.

Здравствениот дом работи самостојно во свое име и за своја сметка и во правниот промет со трети лица одговара со сите свои средства со кои располага.

Основач на Здравствениот дом е Владата на Република Македонија.

Здравствениот дом е изграден и пуштен во функција во 1956 година со цел да ја обавува примарната здравствена заштита во објектот Здравствен дом во централното градско подрачје во Општина Битола, во реонските здравствени станици, школските амбуланти, селските амбуланти и Медицина на трудот.

Организациска поставеност

Во Здравствениот дом се обезбедува единство на превентивната и специјалистичко-консултативната здравствена заштита и се организираат организациони единици кои претставуваат организационо - техничка целина за вршење на дејностите и тоа:

Организациски единици на административната служба се:
   Сектор за правни, кадрови и административни работи;
   Одделение за човечки ресурси;
   Сектор за материјално-финансиски работи и сметководство;
   Одделение за јавни набавки;
   Одделение за внатрешна ревизија.


Организациски единици на Стручната служба - Даватели на јавни услуги во здравство се:
   Служба за итна медицинска помош и домашно лекување;
   Служба за превентивна здравствена заштита на доенче, мало и предучилишно дете;
   Служба за превентивна здравствена заштита на деца од 6 до 18 години;
   Служба за медицина на труд;
   Служба за стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 год., итна стоматолошка помош и рендген за заби;
   Служба за превентивни здравствени прегледи на спортисти;
   Служба за лабораториско дијагностичка дејност;
   Депо за лекови.


Организациски единици на Помошно-техничка служба се:
   Одделение за транспорт;
   Одделение за општотехничко работење и одржување на просторот.

Нашиот кадар

Здравствениот дом ги опслужува пациентие со кадар кој е соодветен на дејноста на службите, како и потребите на истите.

Расположивоста на кадарот и пополнетоста на работните места е во согласност со Правилникот за внатрешна организација на ЈЗУ Здравствен дом Битола, при што вработените се поделени на:
   Даватели на услуги -здравствени работници;
   Административни работници;
   Помошно -технички работници;

Работно време

Работното време во ЈЗУ Здравствен дом „Д-р.Хаим Абраванел“ Битола е организирано и трае од 07.00 до 20.00 часот, со исклучок на Службата за итна медицинска помош и Службата за домашно лекување чии работење е организирано во смени во текот на 24 часа.

Правен сектор

ЈЗУ Здравствен дом Битола