loader

Новости

КАМПАЊА СПРИНТ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА

Категорија: Вести     Вторник, 23 Април 2024

Во склоп на Европската недела на имунизација 2024 година, ЈЗУ Здравствен Дом „д-р Хаим Абраванел “ спроведува кампања Спринт за имунизација

КАМПАЊА СПРИНТ ЗА ИМУНИЗАЦИЈА

ЈЗУ Здравствен Дом ''Д-р Хаим Абраванел''-Битола, заедно со Центар за Јавно Здравје Битола, во соработка со Министерство за здравство, СЗО, УНИЦЕФ, УСАИД и ЕУ, во склоп на Европската недела на имунизација 2024 година, спроведува кампања ''Спринт за имунизација'', каде што наши тимови одат од врата до врата во период од 15.04.2024-02.05.2024, кои го едуцираат населението и ја промовираат вакцинацијата.

Воедно на ден 26.04.2024-петок, ќе се одржи и настан од 11-14 часот во Градски парк под мотото ''ЗАШТИТУВАМЕ ГЕНЕРАЦИИ'' каде што два тимови од лекар и сестра ќе бидат достапни за сите Ваши прашања во врска со имунизацијата, како и забавна програма за најмладите. Ве покануваме да присуствувате. СЕКОЈА ДОЗА Е ВАЖНА, ЗАШТИТУВАМЕ ГЕНЕРАЦИИ.



Сподели: