loader

Служби

Служба за превентивна здравствена заштита на деца од 6 до 18 години

line

Основна дејност

Акцентот во работата е ставен на превентивната дејност за да се овозможи навремено откривање и спречување на многу деформации и патолошки состојби. Класичен метод за скрининг на здравјето на училишните деца и младина се систематските прегледи, кои се вршат организирано од страна на службата за превентивна здравствена заштита на училишни деца.

Цел на систематскиот преглед:
Следење на физичкиот и психосоцијалниот развој
Рана детекција на здравствени проблеми и навремен третман
Рано препознавање на ризични видови на однесување-детекција на бихејвиорални ризици
Едукација за усвојување на здрави животни стилови
Едукација за важноста на навремената и целосна имунизација
Континуирана здравствено-воспитна активност со децата, родителите и наставниците, организирана во групи и поединечно со секој ученик / младинец.

Возраст на вршење на систематските прегледи:
Задолжителни систематски прегледи се вршат во прво, трето, петто и седмо одделение.
Средношколците се опфатени со систематски прегледи во прва и четврта година или трета завршна година, а студентите во прва година.
Содржината на систематскиот преглед зависи од возраста на ученикот, а кај сите ученици се прави Општ лекарски преглед и Лабораториски преглед.

Контролни и целни прегледи.
Во зависност од констатираните претходни состојби, се вршат контролни и целни прегледи за поедини видови на однесување или заболување/состојба.

Вакцијација и ревакцинација.
Вакцинација и ревакцинација се врши според препораките на СЗО и редовниот календар во Република Македонија:

6 годиниМПРРевакцинирање
7 годиниДи-те адултна, полиоII Ревакцинирање
12 годиниХПВ Вакцинирање
14 годиниДи-те адултна, полиоIII Ревакцинирање
18 годиниТТIV Ревакцинирање


Посебно ранлива група на деца е онаа која е надвор од образовниот систем. Службата во соработка со патронажната служба и невладините организации превзема активен пристап во откривање на овие деца и нивно упатување до превентивните тимови. Овoј проблем е особено голем кај децата Роми кои не ги посетуваат училиштата.

Персонал

Здравствени услуги

Службата ги врши следните здравствени услуги:
Систематски прегледи
Вакцинација и ревакцинација
Здравствено-воспитна дејност
Издавање потврди за редовна вакцинација според календарот за имунизација
Издавање на потврди за психо-физичка способност на детето за упис во прво одделение на основните училишта
Издавање на лекарски уверенија за вонредно студирање
Издавање на препис на вакцини за патување во странство

Службата за превентивна здравствена заштита на деца од 6-18 год низ бројки:
Во учебната 2017/2018 година опфатени се околу15.000 ученици
Направени се 7.436 систематски прегледи
4 900 прегледи пред вакцина
1.835 контролни прегледи
Аплицирани се 4.325 вакцини

Кај сите овие ученици се спроведени активности на здравствено воспитание.

Организациона структура

line

Денес Службата својата работа ја организира во:

три амбуланти, најблиску до местото на живеење и образование, во кои ќе Ве дочека љубезен медицински перонал.
Централна школска амбуланта
Амбуланта Дама Груев
Амбуланта Јосип Броз Тито

Опрема

Службата располага со современа опрема соодветно на потребите на пациентите.

Кадар

line

Медицинскиот персонал во оваа служба се состои од:

2 лекари специјалисти по училишна медицина

2 лекари по општа медицина

Главна медицинска сестра со висока медицинска школа

Медицински сестри со виша и средна стручна спрема.

Историја на службата

Во далечната 1965 година беа отворени првите училишни амбуланти за здравствена заштита на училишни деца и младина. Имено, како резултат на согледаните потреби за обезбедување на перманентна здравствена заштита на учениците, следење на психофизичкиот развој во училиштата и надвор од него, контролирање на условите во кои се одвива наставата, хигиенските услови во училиштето, слободните активности, здравственото просветување и др. се створија можности за доближување на училишниот лекар до своите пациенти.

Како императив пред новата служба се постави зголемување на бројот на стручните кадри. Се праќаа лекари на специјализација, па во еден период имаше дури 19 специјалисти во сите училишни амбуланти и студентската амбуланта. Битола се гордееше со стручноста на лекарските тимови и најдобрата организираност на дејноста во цела држава.

Со реформите од 2006 година, Службата училишна медицина остана да работи само со превентивна дејност, а болните деца ги превзедоа матичните лекари.