loader

Служби

Служба за превентивни здравствени прегледи на спортисти

line

Основна дејност

Спортската медицина претставува мултидисциплинарна гранка која што опфаќа теоретска и практична медицина која го испитува влијанието на вежбањето, тренирањето и спортувањето, како и отсуството од вежбање кај здрави и болни луѓе, од сите возрасти. Целта е да се донесат заклучоци кои што ќе дадат придонес во подобрување на превентивата, терапијата и рехабилитацијата кај спортистите и рекреативците.

Основна дејност на службата се превентивните здравствени прегледи на спортисти.Тие се важен механизам на заштита на здравјето на спортистите, бидејќи тие се идеално место каде специјалистот по спортска медицина може да ја утврди моменталната здравствена состојба на спортистот и ризичните фактори клучни за превенција на болести, мускуло-скелетни повреди и ненадејна срцева смрт.

Превентивните прегледи се континуиран процес за долгорочно следење на здравствената состојба на спортистите, што претставува важен извор на податоци кои помагаат во откривањето на нови здравствени ризици, но и во проценка на делотворноста на преземените мерки на превенција.

Персонал

Здравствени услуги

Службата нуди широк спектар здравствени услуги и тоа:

Е.К.Г. снимање

Лабораториски анализи

Антропометриски мерења

Спирометрија

Енергометрија

Прегледи на повредени спортисти

Ослободување на ученици од наставата по физичко воспитување

Совети за хигиено-диететски режим

Здравствено просветно воспитување

Организациона структура

line

Организационата структура на службата е поставена соодветно на работните задачи и медицинските услуги кои што се изведуваат во истата.

Опрема

Службата располага со најсовремена опрема со која здравствените услуги се изведуваат со највисок квалитет и според потребите на пациентите.

Кадар

line

Службата за превентивни здравствени прегледи на спортисти работи како превентивна единица со:

еден доктор специјалист по Спортска медицина;

еден доктор по Општа медицина, и

четири медицински сестри.

Историја на службата

Во ноември 1985 година во рамките на Одделението за физикална терапија и рехабилитација се оформи и Диспанзер за спортска медицина, каде работеле Д-р Сотир Христовски (како прв завршен специјалист по спортска медицина на 28.11.1985 год.) заедно со медицинската сестра Марика Стефановска. Подоцна како специјалисти доаѓаат Д-р Игор Алтипармаковски во 1987 год. и Д-р Витомир Треневски во 1994 год. Претходно прегледите на спортистите се изведувале од страна на физијатрите.

Диспанзерот за спортска медицина опстојуваше во рамките на одделението за Физикална медицина и рехабилитација се до 2005 година кога Медицинскиот центар-Битола се трансформираше во Клиничка болница и се подели на уште два посебни субјекти-Домот за народно здравје и Центарот за јавно здравје. Диспанзерот за спортска медицина продолжил со работа во рамките на Домот за народно здравје, а денес Здравствен дом “Др.Хаим Абраванел”.