loader

Служби

Депо за лекови

line

Основна дејност

Фармацевтска дејност која опфаќа непрекинато, континуирано снабдување со лекови, инсулин, вакцини и медицински средства, следење на ефектите од нивната употреба, контрола, информирање, советување, консултирање и едуцирање на пациентите и здрвствените работници за рационална и ефикасна употреба на лековите и медицинските средства.

Персонал

Здравствени услуги


Снабдување на сите служби во ЈЗУ Здравствен дом - Битола со потребните лекови и медицински средства;
Снабдување со инсулин на пациенти од инсулин зависен дијабет;

Организациона структура

line

Депо за лекови

Планирање, реализација и фармакоекономска евалуација на набавка и потрошувачка, експедиција, евиденција и електронска следливост на лекот до краен корисник;
Контрола на исправност и рокови на важност на лековите и медицинските средства;
Сметководствена евиденција на влез и излез (фактури, испратници, извештаи), изработка на технички спецификации и контрола на нивната усогласеност со договорената цена, квалитет и количина по важечките тендери;
Евиденција во книга на наркотици;
Фармаковигиланса (идентификување, проценување и превенирање на несаканите и неочекуваните реакции од лековите);

Инсулинска аптека

Електронска набавка и следливост на потрошувачката на инсулин;
Издавање и контрола на инсулинска терапија и водење на компјутерско досие на инсулин зависни пациенти;
Контрола на почитувањето на процедурите за Добра дистрибутивна пракса при прием на инсулин;
Контрола на исправноста, чувањето, складирањето и рокови на важност на инсулинот;
Месечни извештаи за потрошувачката на инсулин;
Советодавна комуникација со пациенти;

Опрема

Организационата единица Депо за лекови располага со соодветни фрижидери за чување и складирање на инсулин, опремени со температурни дата логери кои обезбедуваат внатрешна температурна следливост.

Кадар

line

Професионална, квалитетна и доследна реализација на здравствените услуги е овозможена со присуството на високо квалификуван стручен кадар:

Два дипломирани фармацевти;

Еден специјалист по контрола и аналитика на лекови,

Историја на службата

Аптекарската дејност во Битола има своја традиција на постоење уште од втората половина на XVIII век. Во тогашната болница „Благовештение“ постоеше и аптека во која во која бесплатно се издаваат лекови од страна на вработени аптекари, за сиромашните членови на патријаршиската општина во градот, прегледувани во болничката амбуланта, како и за хоспитализираните пациенти.