loader

Служби

Служба за медицина на труд

line

Основна дејност

Медицината на трудот е првентивна гранка во медицината, која се занимава со специфична здравствена заштита на населението, со цел зачувување и унапредување на здравјето на работниците, нивната работна способност и создавање сигурна и здрава работна средина.

Таа претставува основа за спречување на појава на професионални заболувања, заболувања во врска со работата и повреди на работно место.

Персонал

Здравствени услуги

Превентивни медицински прегледи за оценка на работоспособноста:
Претходни медицински прегледи
Периодични медицински прегледи
Систематски медицински прегледи
Насочени медицински прегледи

Сите видови на лекарски уверенија:
Лекарско уверение за вработување,
Лекарско уверение за здравствена способност за управување со моторни возила и пловни објекти,
Лекарско уверение за патување, престој во други земји и државјанство,
Лекарско уверение за школување во странство и вонредно студирање,
Лекарско уверение за посвојување на дете,
Лекарско уверение за поседување и носење на оружје.
Лекарско уверение за обезбедување имоти и лица.

Обезбедување на медицински услуги во врска со професионални заболувања на вработените.

Спроведување на обука за прва помош на вработените.

Учество во проценка на ризиците, безбедноста и здравјето на работното место и работната средина.

Извршување на функционални испитувања и експертизни активности при оцена на работоспособноста:
Спирометрија
Аудиометрија
Електрокардиографија
Орторајтер
Психолошки тестови
Лабораториски услуги

Организациона структура

line

Службата е организирана во следните организациони единици:

Одделение за специфична здравствена заштита со функционална дијагностика:
Кабинет за функционално испитување на кардиоваскуларниот систем - ЕКГ,
Кабинет за функционално испитување на респираторен систем - спирометрија,
Кабинет за функционално испитување на слухот - аудиометрија,
Кабинет за функционално испитување на видот - орторајдер,
Психолошки кабинет,
Лабораторија.

Одделение за оцена на работоспособност

Одделение за сообраќајна медицина

Одделение за професионални заболувања

Опрема

Службата располага со современа опрема, и тоа:

ЕКГ

СПИРОМЕТЗР

Аудиометар

Орторајтер

Реакциометар

Лабораториска опрема - хематолошки бројачи, аналајзери и друга лабораториска опрема.

Кадар

line

Во Службата за медицина на трудот се вработени:

Специјалисти по медицина на трудот - 4

Д-р по медицина (на специјализација ) - 1

Магистер по биологија - 1

Магистер по психологија - 1

Психолог - 1

Специјалист медицинска сестра - 1

Дипломиран лабораториски аналитичар - 1

Медицински сестри - 6

Лаборанти - 2

Историја на службата

Првите почетоци на организирана здравствена заштита на работниците во Битола датира од 1963 година кога во Заводот за здравствена заштита - Битола е формирано Одделение за медицина на трудот.

Од 1965 година одделението функционира со Специјалист по медицина на трудот, така што во 1966 година прерасна во Служба за медицина на трудот.

Следната 1967 година службата добива уште еден Специјалист по медицина на трудот, со што се овозможи да се формира Диспанзер за медицина на трудот со амбуланти во поразвиените работни организации.

Во 1973 година Диспанзерот за медицина на трудот се здобива со уште еден Специјалист по медицина на трудот и друг виши и среден медицински персонал. Воедно за потребите на службата се формира и лабораторија.

Во 1982 година согледувајки го значењето на превентивната дејност од доменот на здравствената заштита на работниците, Медицинскиот центар Битола изгради наменска зграда за потребите на Медицина на трудот.