loader

Служби

Служба за стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 год., итна стоматолошка помош и рендген за заби

line

Основна дејност

Основна дејност на оваа служба е да дава стоматолошка заштита на населението од општина Битола и пошироко.

Во детска и превентивна стоматологија се врши превенција и откривање на патолошки состојби, со што се обезбедува унапредување на оралното здравје, што пак е предуслов за унапредување на општото здравје кај детската популација од 0 до 14 години и кај адолесценти.

Превенцијата се врши според стратешката превентивна програма од Министерството за здравство на Република Македонија.

Во Итната стоматолошка амбуланта се дава итна стоматолошка помош во текот на 24 часа во работни денови, во викенди и за време на празници. Исто така, тука се врши и стоматолошка заштита кај лица со инвалидитет, пречки во развојот, лица ослободени од партиципација (крводарители, лица со одредени болести ослободени со Законот за социјална заштита и сл.), како и неподвижни лица во домашни посети по повик.

Рентгенот за заби овозможува рентгенграфија на забите и забалото кај пациентите.

Персонал

Здравствени услуги

Во Службата здравствените услуги се состојат во задолжителни систематски прегледи кај школските деца од основно училиште од I до IX одделение, средно образование од I до IV клас, како и високото образование во I година.

Тука спаѓа и здравственото воспитување во предучилишните установи, основните училишта, преку медиуми, постери, плакати и флаери. Воедно, се врши специфична превенција на оралните заболувања (орална хигиена, систематска примена на флоуриди, превентивно залевање на фисури и слично).

Во Итната стоматолошка амбуланта се вршат интервенции од итна стоматолошка природа, како санирање и помош при трауми, крварења, одонтогени болки (акутни, хронични егзацербирани) од разни причинители, екстракција на заби, локални куративни интервенции, како и препишување на соодветна медикаментозна терапија, издавање упати до специјалист и слично.

Во рентген за заби се вршат ретроалвеоларни дентални рентген снимки, како и РТГ статус на забалото (панорамикс снимки).

Организациона структура

line

Работата во оваа служба е организирана во:

Четири амбуланти по детска и превентивна стоматологија, сместени на првиот кат во зградата на Здравствениот Дом,

Една итна стоматолошка амбуланта, која се наоѓа во делот за брза помош,

Еден рентген кабинет, сместен во приземните простори, како и чекални, картотека, просторија за развивање рентген филмови и шалтерска просторија.

Опрема

Службата за стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 год., итна стоматолошка помош и рендген за заби е опремена со:

6 стоматолошки столици и машини;

стерилизатори;

хелио ламби

апарат за испитување на виталитет за заби и комплет на стоматолошки инструменти во сите амбуланти соодветно на намената и потребите на амбулантата (пинцети, огледала, ескаватори, сонди, пластични инструменти, инструменти за ЧЗК, клешти, полуги и слично).

Кабинетот за рентген е опремен со 2 дентални рентген апарати за дентални ретроалвеоларни снимки и 1 компјутерски ортопантомограф за снимање на горна и долна вилица (панорамикс снимки).

Сите амбуланти и рентген кабинетот се опремени и со медицински шкафови, работни маси, бироа, компјутери, печатари и др.

Кадар

line

Службата за стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 год., итна стоматолошка помош и рендген за заби располага со висококвалификуван кадар, и тоа:

1 доктор стоматолог специјалист по општа стоматологија - раководител на одделението.

6 доктори стоматолози специјалисти по детска и превентивна стоматологија.

5 доктори по општа стоматологија.

1 медицинска сестра со високо образование - главна сестра на одделението.

1 радиолошки технолог со високо образование.

14 медицински сестри.

5 рентген техничари.

Историја на службата

Службата за стоматолошка здравствена заштита на деца до 14 год., итна стоматолошка помош и рендген за заби постои од пред многу години, односно онолку колку што постои и државното здравство во Република Македонија. Започнува да се развива уште за време на СФРЈ во рамките на Медицинскиот центар “Д-р Трифун Пановски” - Битола во состав на тогашната стоматолошка служба.

По осамостојувањето на нашата држава и спроведувањето на реформите за здравство, со приватизација на стоматологијата по моделот на концесионерство оваа одделение остана во составот на државното здравство при ЈЗУ Здравствен Дом “Д-р Хаим Абраванел” - Битола.