loader

Права и должности на пациентите

Права и должности на пациентите

Пациентите, како корисници на здравствените услуги во Здравствениот дом, имаат права кои се уредени со прописите за здравствена заштита, здравствено осигурување, заштита на правата на пациентите и други прописи од областа на здравството.

Здравствениот дом при укажувањето на здравствената заштита на пациентите во целост ги применува одредбите од Законот за Здравствената заштита, Законот за здравствено осигурување, Законот за заштита на правата на пациентите и другите акти донесени брз основа на овие закони.

Пациентите-корисници на здравствените услуги во Здравствениот дом имаат обврска да го почитуваат куќниот ред на здарвствениот дом, да ги почитуваат советите и инструкциите на здравствените работници и на другите вработени во Здравствениот дом, како и други обврски уредени со Законот за заштита на правата на пациентите.

Корисниците на здравствените услуги имаат право на приговор до Директорот во врска со остварувањето на правата од здравствената заштита и здравствено осигурување.

Здравствениот дом во грижата за остварувањето на заштитата на правата на пациентите обезбедува правна помош и правни совети преку советник за заштита на правата на пациентите. Здравствениот дом се грижи за заштита на правата на пациентите, при што воедно дава и правни совети и правна помош на пациентите во однос на остварувањето на заштитата на нивните права согласно со Законот за заштита на правата на пациентите.

Здравствениот дом во рамките на својата дејност е должен да го прими пациентот и да му ја укаже потребната здравствена услуга.

При укажувањето на здравствената заштита здравствените работници и здравствените соработници се должни да ја извршуваат својата работа совесно, стручно, ефикасно, уредно и непристрасно, при што не смеат да се раководат од свои лични финансиски интереси, ниту да ги злоупотребуваат овластувањата и статусот што го имаат како здравствени работници и соработници. Тие треба да го штитат личниот углед и угледот на установата во која се вработени.

Основните предуслови за работа во здравствената установа се професионалност во извршувањето на работните обврски, совесност, чесност, посветеност, несебичност, лојалност, колегијалност, способност за тимска работа, ажурност, подготвеност за стручно усовршување и напредување, одговорно и домаќинско работење, почитување на човековата личност и интегритет, како и недискриминација по било кој основа.

При укажувањето на здравствената заштита, здравствените работници и соработници се должни да се грижат за корисниците на кои им се укажува здравствена заштита, да го почитуваат нивното достоинство, да се придржуваат на медицинската етика и медицинската доктрина и да ја чуваат професионалната тајна, како и да ги почитуваат и другите права на пациентите.