loader

Служби

Служба за превентивна здравствена заштита на доенче, мало и предучилишно дете

line

Основна дејност

Превентивни прегледи на новородени, доенчиња, мали и предучилишни деца кои имаат за цел следење на нивната здравствена состојба и нивниот психомоторен развој според програмата за бројот на прегледите од лекар и систематските прегледи од психолог и дефектолог по потреба.

Прегледи пред имунизација и спроведување на имунизација по календар според програмата за задолжителна имунизација на населението во Република Македонија.

Секое отстапување од нормалниот психомоторен развој или сомневање за постоење на некое заболување се упатува на понатамошно иследување до соодветна институција преку матичниот лекар.

Патронажна посета во домот на новородено, доенче и по потреба мало и предучилишно дете.

Персонал

Здравствени услуги

Прегледи на новородено, доенче, мало и предучилишно дете (преглед пред имунизација, систематски прегледи од лекар, прегледи од психолог и дефектолог - соматопед кај деца родени со ризик фактор и деца без ризик фактор кај кои постои индикација за нивно понатамошно следење).

Рана детекција, дијагностика, прогноза и ран хабилитациски третман кај деца родени со ризик фактор и тој третман започнува уште од 15 ден по раѓање - превентивно.

Имунизација по календар.

Преглед и имунизација на децата сместени во домот за доенчиња.

Тоалета на папче.

Мерење на подој.

Контрола на телесна тежина.

Упатување и следење на превентивни систематски прегледи на колкчиња.

Совети за правилно облекување, доење, навремено и правилно воведување на општа исхрана.

Антирахитична профилакса.

Психолозите прават проценка на психомоторниот развој, на социјалната зрелост, интелектуалните способности, откривање на минимални мозочни дисфункции и психоневротски реакции и по потреба ги повикуваат родителите на вонредни советувања.

Дефектопогот дава упатства за ран хабипитациски и рехабилитациски третман со кој се овозможува сестран развој на функциите и способностите на детето (развој на грубата и фината моторика, координација на движење, корекција на мапформации, малпозиции, луксации и контрактури на локомоторниопт апарат).

Патронажните сестри ја мониторираат состојбата во домот на детето и прават комплетна едукација на родителите за правилна нега, доење, исхрана, правилно облекување, широк повој, вежби за колкчиња, тоалета на папче, преглед на дојки, проценка на новороденечката жолтица, совет за потребата од антирахитична профилакса и потребата од редовна имунизација за здравјето на детето.

Патронажните сестри прават посети кај бремените жени, пациенти со висок крвен притисок, дијабетичари, пациенти кои примаат средства за туѓа нега од било која причина, пациенти со посебни потреби и пензионери (даваат совети за правилно користење на терапијата, мерење крвен притисок, шеќер во крвта и по потреба ги упатуваат до матичните лекари).

Организациона структура

line

Службата е организирана во следните организациони единици:

Советовалиште и имунизација

Развојно советовалиште

Поливалентна патронажа

Опрема

Фрижидери во кои се чуваат вакцините (нивната температура се контролира и евидентира два пати дневно).

Рачни фрижидери за носење вакцини на терен (кај ромската популација и во Домот за доенчиња).

Термометри за фрижидери.

Картотека.

Ваги за мерење на телесна тежина (за новороденче, доенче, мало дете и предшколско дете).

Должинометар за новородено и доенче.

Висинометар за мало и предшколско дете.

Боксови за соблекување.

Боксови за преглед во лекарските ординации.

Компјутери за водење на административниот дел од работата.

Стетоскопи.

Невролошки чеканчиња.

Метро за мерење на обемот на главчето на децата.

Кадар

line



Раководител на службата - Примариус - специјалист по педијатрија.

Двајца доктори на медицина ( моментално на специјализација по Вонболничка педијатрија).

Двајца доктори на медицина.

Здравствен соработник психолог со специјализација по клиничка психологија и доктор на науки.

Двајца самостојни стручни соработници психолози.

Магистер по дефектолошки науки (соматопед - телесна инвалидност).

Главна медицинска сестра - специјалист.

Медицинска сестра - специјалист.

Три медицински сестри - медицински техничар.

Медицинска сестра - специјалист координатор на поливалентна патронажа.

Четири патронажни медицински сестри - специјалисти.

Шест патронажни медицински сестри - техничари.

Историја на службата

Здравствената заштита на новородено, доенче, мало и предшколско дете до почетокот на 20-тиот век беше во рацете на интернистите, хирурзите и лекарите по општа пракса. Првите почетоци на организирана детска здравствена заштита во Битола ги среќаваме непосредно по Првата светска војна (1922 год.) со отворањето на Постојаната бактериолошка станица во која покрај другото постоеше детски и училишен диспанзер. Тука се вршеа прегледи на доенчиња и мали деца, систематски прегледи, вакцинации и беше стационирано советовалиштето за мајки и деца. Во оваа Бактериолошка станица беше отворена и првата училишна Поликлиника во Македонија во 1925 год. Во 1925 година во Битола пристигна и првиот специјалист по детски болести Д-р Сотир Атанацковик кој беше вториот педијатар во Македонија. Тој ја отвори првата приватна педијатриска ординација.

По ослободувањето земјата се соочи со многу отежната детска здравствена заштита и во 1944 година се формира Градската поликлиника која имаше повеќе оддели меѓу кои и детски оддел со кој раководеше Д-р Александар Дума. Големиот број на пациенти во детскиот оддел наметна потреба да се отвори детски диспанзер, а потоа и детско одделение. Во март 1946 год. во Градската Поликлиника беше отворен детски диспанзер во кој работеше Д-р Боро Варон, педијатар од Скопје. Во Диспанзерот работеше советовалиште за дечиња и млечна кујна од која мајките добиваа приготвени млечни оброци во градот. Детскиот диспанзер го напушти Детското одделение во 1949 и се смести во старата зграда во Градската Поликлиника. Во 1952 год. тој беше сместен во наменски изградените простории во Домот за народно здравје. Во Диспанзерот за деца сместен во новите простории на ДНЗ имаше доволно простор во 1958 год. да се формира превентивен дел во посебно одделение за Советовалиште и вакцинација, каде се започна со систематска вакцинација со формирање картотека, а се создадоа услови и за патронажна дејност.

Во 1965 година се интегрираа детската и школската служба - Служба за превентивна здравствена заштита на доенче, предшколско и школско дете. Интеграцијата на здравствените установи во Битола на 01.01.1966 година овозможи обединување на болничката и вонболничката детска заштита, со што педијатарот се добижи до детето и во градот и во селото, преку новоотворените советувалишта во селските амбуланти. На ваков начин функционираа до 1975 година кога дефинитивно се одвоија службите и почнаа да функционираат засебно.

Во овај период се поставени основите на современата заштита на децата по однос на исхраната, негата, превенцијата на рахит, превенцијата на анемија, рано откривање на аномалии итн.

Составен дел на Службата за превентивна здравствена заштита на доенче, мало и предшколско дете е и развојното советувалиште, формирано во 1980 година од Д-р Марика Сотировска Сирвини, прво во Македонија, каде се хабилитираа, рехабилитираа и контролираа деца оптеретени со ризичен фактор. Во него работеше тим од два педијатри, дефектолог - соматопед, два психолози и медицинка сестра - специјалист. Развојното советовалиште ги опфаќаше сите деца со малпозиции, деца со церебрална парализа и други локомоторни оштетувања, деца со оштетувања на централниот нервен систем и периферниот нервен систем. Службата за советовалиште и вакцинација беше организирана во два пункта: Првиот пункт во ДНЗ (во него работеа педијатри , општи лекари, медицински сестри, психолози и дефектолог-соматопед) и Втор пункт во Трета реонска здравствена станица (во него работеа педијатри, општи лекари, медицински сестри и психолог). Во 2006 година двата пункта се соединија во еден сместен во ДНЗ каде припаѓаат деца од Битола и подрачните села.

Овај период од шеесеттите, седумдесеттите и осумдесеттите години беше исполнет со кадровско екипирање на службата за доенче, мало и предшкопско дете. Со заедничка работа на педијатрите и останатиот персонал многу се намали морбидитетот и морталитетот и многу се унапреди здравјето на детето.

Редовната имунизација е најважниот момент за заштита од заразните болести кај децата. На нашите простори во 1946 година е почната имунизација со: Те-Аl vассм DiТе vасс., Во 1947 год. е воведена ВСВ vасс. Во 1960 год. е воведена ОРV vасс., Во 1961 год. Е воведена DiТеРег vасс. Во 1971 год. Е воведена вакцина против Morbili. Во 1981 год. е воведена вакцина против МR. Во 1993 год. воведена е МMR вакцина.

Со цел достигнување на светските трендови на заштита од заразните болести се унапредува и календарот за имунизација со воведување нови вакцини. Во оваа служба воведена е во 2004 год. вакцина против Hepatitis В, во 2008 год. е воведена вакцина против Haemofilus infuencae tip b, а во 2015 год. воведени се поливалентните вакцини во чиj состав влегуваат: DTaP, Hib, IPV и HB.